Sinan Uslu
07 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
АНКАРА
Пратеникот на Партијата за правда и развој (АК Партија) и актуелниот претседател на Големото народно собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп доби уште еден мандат на позиција претседател на турскиот парламент, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кандидатот на владејачката АК Партија и пратеник од Текирдаг, Шентоп, во третиот круг освои 328 гласови. Гласаа вупно 557 пратеници.
Кандидатот на опозициската Републиканска народна партија (ЏХП) Халук Коџ освои 134, додека пратеникот на ХДП, Ерол Катирџиоглу доби 51 глас. Кандидатот на партијата ИЈИ, Хусеин Филиз освои 37 гласови, а седум ливчиња беа неважечки.