Eşref Musa,Ethem Emre Özcan
07 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
ТЕЛ АБЈАД
Во северниот дел на Сирија, во подрачјето на Тел Абјад коее под контрола на опозицијата изведен е терористички напад со возило полно со експлозив. Според првичните проценки, во нападот животот го загубија 6 цивили од кои 3 се деца, а 7 цивили се ранети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Експлозијата се случи во централното подрачје на Тел Абјад кој беше расчистен од терористите во рамките на операцијата „Извор на мирот“ спроведена од страна на Турските вооружени сили и Националната војска на Сирија.
Според првичните информации, во експлозијата на бомба која била постевена во возило, животот го загубија 6 цивили од кои 3 се деца, а 7 цивили се ранети.
Меѓу ранетите цивили 4 лица се во тешка здравствена состојба и испратени се во Турција.
Експлозијата предизвика оштетувања на околните објекти.
На местото на несреќата истрага започнаа безбедносните сили, а се претпоставува дека нападот е изведен од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Направен е безбедносен појас околу местото на кое се случи експлозијата, а по една дојава, се трага по друго возило за кое се претпоставува дека е полно со експлозив.
Централното подрачје на Тел Абјад на 13 октомври 2019 година беше ослободено од терористите во рамките на операцијата „Извор на мирот“.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК која се уште под своја окупација го држи местото Ајн Иса и Тел Темир, често изведува терористички напади врз подрачјата на Расулајн и Тел Абјад кои се расчистени од терористите во рамките на операцијата „Извор на мирот“.
Terör örgütü YPG/PKK, işgalini sürdürdüğü Ayn İsa ve Tel Temır bölgelerinden sık sık Barış Pınarı Harekatı ile terörden arındırılan ve Tel Abyad bölgelerini hedef alarak terör saldırıları düzenliyor.