Bayram Altuğ
07 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
ЖЕНЕВА
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) денес изјави дека пандемијата на Ковид-19 се забрзува и дека таа сѐ уште не го достигнал врвот од истата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на СЗО, д-р. Тедрос Аданом Гебреисус во обраќањето до новинарите преку вебинар изјави дека на светот му биле потребни 12 недели да достигне 400.000 случаи на заразување со Ковид-19.
Сепак само во текот на викендот, имаше повеќе од 400.000 случаи низ целиот свет, а светот сега има речиси 11,5 милиони случаи, додека повеќе од 535.000 лица починале од последиците на вирусот.
„Се забрзува пандемијата на Ковид-19 и јасно е дека не сме го достигнале врвот“, изјави Тедрос.
Бројот на случаи се забрзува, но сѐ уште е можно да се намали трансмисијата.
„Додека бројот на починати се чини дека е израмнет на глобално ниво, всушност некои земји остварија значителен напредок во намалувањето на бројот на смртни случаи, додека во другите земји смртните случаи се сѐ уште во пораст.
„Онаму каде што има напредок во намалувањето на смртните случаи, државите спроведоа насочени активности кон најранливите групи, како оние што живеат во установи за долготрајна нега“, рече шефот на СЗО.
Тој беше запрашан да ја коментира веста за бразилскиот претседател Жаир Болсонаро дека е позитивен на Ковид-19.
Тедрос му посака на Болсонаро брзо закрепнување.
„Веќе долго време зборувавме, вклучително во раните фази на пандемијата дека овој вирус е многу опасен и ние го нарековме многу пати јавен непријател број еден“.
Тедрос рече дека СОВИД-19 има „опасни комбинации, брзо се шири, а исто така е и убиец.
„И затоа бевме загрижени и постојано го предупредувавме светот“.
Шефот на СЗО рече дека некои земји покажуваат одреден напредок во борбата против Ковид-19, „но многу земји всушност имаат зголемен број на заразени.“
Тедрос изјави дека во текот на изминатите неколку месеци, во голема мерка се дискутирало за потеклото на вирусот.
„Сите подготовки се финализирани, а експертите на СЗО ќе патуваат во Кина овој викенд за да подготват научни планови со кинеските колеги за идентификување на зонскиот извор на болеста“, рече тој.
Тој додаде дека мисијата во Кина има за цел да дознае повеќе за животните, домаќини на Ковид-19 и да утврдат како вирусот се пренесува меѓу животните и луѓето.