Beyza Binnur Dönmez
07 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
АНКАРА
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро денес потврди дека се тестирал и дека е позитивен на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Болсонаро денес по четврти пат изврши тестирање, откако кај него се забележани симптоми на Ковид-19.
Бразилскиот претседател се соочува со тешки реакции од почетокот на пандемијата поради минимизирање на заканите од вирусот, велејќи дека вирусот претставува мала настинка.
Бразил е епицентар на Латинска Америка и втора земја најтешко погодена од пандемијатата со над 1,6 милиони случаи и речиси 65.500 смртни случаи, покажуваат податоците објавени од американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“.