Zeynep Tüfekçi
29 Април 2017•Ажурирај: 30 Април 2017
МОСУЛ (АА) - Во местото Хадар во ирачкиот град Мосул, откако е ослободен од терористичката организација ДЕАШ, се вратија голем број на жители, јавува Anadolu Agency (AA).
Полковникот на ирачката војска Семир Давуд ел -Мухсин потврди дека Хадар бил потполно исчистен од терористичката организација ДЕАШ. Тој истакна, дека откако жителите слушнале дека нивните куќи се ослободени од терористите се вратиле 300 лица.
Селата во околината на Мосул, кои се ослободени од ДЕАШ моментално ги контролираат силите Хашди Шаби. Источниот дел на Мосул го презедоа ирачките сили во јануари, а од 19 февруари траат акциите во западниот дел на градот.