Nezir Aliyev
29 Април 2017•Ажурирај: 30 Април 2017
БИШКЕК (АА) - Во јужниот дел на Киргистан се случи лизгање на земјиште од кое се урнати 6 куќи, а под урнатините се останати 24 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на министерството за вонредни состојби, во јужниот дел на Киргистан, во населеното место Ају, кое се наоѓа во подрачјето Озген, од непознати причини во 7.20 часот според локално време се случи лизгање на земјиште.
Од лизгањето на земјиштето урнати се куќите на 6-7 семејства, чии 24 члена останале под урнатините.
Во подрачјето итно е испратени 33 члена спасувачка екипа, кои ја започнаа претрагата по настраданите лица.
Пред речиси еден месец во подрачјето на Озген исто така се имаше случено лизгање на земјиште во кое животот го загуби шестчлено семејство, кое беше затрупано од земјата.