Alaattin Doğru
29 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
ДАКАР
Во градот Бафоусам, сместен во северозападниот дел на Камерун, настана свлечиште во кое според првичните проценки животот го загубиле 20 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локалните медиуми, интензивните врнежи од дожд синоќа предизвикале големо свлечиште на подрачјето на Бафоусам.
Ава Фонка Аугустин, раководител на северозападното подрачје, информираше дека 11 куќи се прекриени со земја поради настанатото свлечиште, додавајќи дека во несреќата животот го загубиле најмалку 20 лица. Тој го изрази своето стравување дека е можно зголемување на бројката на загинати.
Претставниците на полицијата од подрачјето информираа дека во тек се операции за спасување што ги водат противпожарните екипи, истакнувајќи дека сѐ уште има луѓе затрупани под свлечиштето.