Mahmut Atanur
22 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
ЏАКАРТА
Во индонезиската провинција Јужна Суматра се урна нелегален рудник за јаглен. Во оваа несреќа животот го загубија 11 рудари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ансори, раководителот за итни случаи при Регионалната агенција за управување со катастрофи во Јужна Суматра, соопшти дека во близина на селото Танџунг Лаланг во подрачјето на регионот Муара Еним, дошло до уривање на дел од илегален рудник, при што се создало свлечиште.
Ансори, информирајќи дека спасувачките екипи под свлечиштето ги откриле безживотните тела на 11 рудари, рече дека во тек е истрагата за рударската несреќа.
Во април, во поддрачјето Јужен Солок во провинцијата Западна Суматра се урна нелегален рудник за злато, при што загинаа 9 рудари.