Beyza Binnur Dönmez
11 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Боливискиот лидер Ево Моралес, истакна дека боливиските патриоти и меѓународната заедница го отфрлаат пучот што се случува во латиноамериканската држава, пренесува Anadolu Agency (AA).
„[Карлос] Меса и [Луис Фернандо] Камачо, дискриминаторите и заговорниците, ќе заминат во историјата како расисти и пучисти“, напиша Моралес на Твитер.
Тој ги повика опозицискиот лидер Камачо, претседател на десничарскиот граѓански комитет „Про Санта Круз“ и Меса, поранешниот претседател на Боливија, „да преземат одговорност и да ги намалат тензиите во земјата, и да обезбедат политичка стабилност и мирен соживот на нашиот народ“.
„Боливиските патриоти и светот ќе го отфрлат пучот“, додава Моралес.
Ево Моралес му се заблагодари на боливискиот народ, на братските земји и на светот за солидарноста.
На 20 октомври, претседателот Моралес победи во првиот круг претседателски избори со 47,8 отсто од гласовите, за кои опозицијата тврдеше дека е направена измама.
Моралес поднесе оставка вчера, по повикот на челникот на боливиската Армија, Вилијамс Калиман, за повлекување на Моралес преку обраќање во живо.