Elena Teslova
11 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека обидите на Соединетите Американски Држави (САД) за контролирање на сириската нафта се нелегални, јавува Аnadolu Agency (AA).
„Нивниот обид, длабоко во себе, да ја ограбат Сирискта Арапска Република и да преземат контрола над сите нафтени полиња е нелегална, и нема да донесе ништо добро за сирискиот договор, може само да предизвика сериозно раздразнување и сериозна закана во овој дел на Сирија“, изјави Лавров за новинарите во главниот ерменски град Јереван, по состанокот со неговиот ерменски коелга Зохраб Мнацаканјан.
„Ние ќе инсистираме сириската армија брзо да ја врати целата територија на Сирија. Само ова ќе помогне да се стави траен крај на тероризмот и ќе помогне да се решат сите прашања поврзани со конечното политичко решение“, додаде тој.
Откако нареди повлекување на американските сили од северна Сирија минатиот месец, околу периодот кога Турција ја започна својата антитерористичка операција „Извор на мирот“ во регионот на северна Сирија, американскиот претседател Доналд Трамп се предомисли, велејќи дека американските војници ќе останат во регионот „за да ја обезбедуваат нафтата“.
„Ние ја презедовме и ја обезбедивме нафтата“, изјави тој, сугерирајќи „договор со ExxonMobil или некоја од големите компании да влезат таму и да го сторат тоа правилно.“
Турските официјални претставници, без да ги споменат САД, рекоа дека ослободувањето на локалното население од опресијата на терористичките организации е легитимна причина за присуството на трупи во Сирија, додека земањето на нафтата не е.
Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.