Muhammed Emin Canik
27 Декември 2018•Ажурирај: 27 Декември 2018
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Аргентинската и боливиската специјална полиција ја ослободи жената која од Аргентина во Боливија беше киднапирана пред 31 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Не откривајќи го идентитетот на жртвата поради безбедносни причини, аргентинските медиуми јавуваат дека жената од градот Мар дел Плата е киднапирана во 1987 година, кога имала 13 години.
Сопругот на нејзината постара сестра им ветил работа и ги однел во Боливија во која се киднапирани и биле жртви на силување и злоставување.
Постарата сестра успеала по три месеци да побегне, а во рацете на киднаперот ги оставила помладата сестра и новороденото бебе.
Случајот на киднапирање е пријавен на полицијата дури во 2014 година, значи по 27 години подоцна е покрената меѓународна потрага.
По четири години полицијата успеала да ги пронајде и ослободи сега 44-годишната жена и нејзиниот 9-годишен син.
Таа изјави дека киднаперот била жена и дека ги држела во гаража без никакви услови за живот, а на момчето се видливи последици на потхранетост.
Полицијата и понатаму трага по бебето кое постарата сестра го оставила во домот на киднаперот, а кое сега е маж на возраст од 31 година.