Lokman İlhan
29 Октомври 2019•Ажурирај: 30 Октомври 2019
БОГОТА
Во Боливија дојде до судири меѓу приврзаниците на претседателот Ево Моралес, кој победи на изборите, и симпатизерите на опозицијата која не ги признава изборните резултати, при што се повредени 39 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
На 20 октомври во јужноамериканската држава Боливија, сместена на Андите, највисокиот планински венец во светот, се одржаа претседателски избори на кои победи актуелниот претседател Моралес. Во земјата започнаа протести по обвинувањето од страна на неговиот противник, Карлос Меса, претставник на опозицијата, дека изборите се наместени. Во исто време се оддржуваат и собири во знак на поддршкка на претседателот Моралес.
Додека опозицијата одбива да ја провери апликацијата на Моралес и резултатите од изборите и бара поништување на изборите или одење на втор круг, Организацијата на американски држави (ОАД) продолжува со своите протести во главниот град Ла Пас и во останатите големи градови, како што се Санта Крус и Кочабамба.
Во истите градови поддржувачите на Владата организираат собири за поддршка на Моралес, при што повремено доаѓа до кавги и судири со симпатизерите на Меса.
Според вестите објавени во медиумите на Боливија, во кавгите и судирите меѓу двете страни на протестите во населбите План Трес Мил, Котока и Ла Гуардија во градот Санта Крус досега се повредени 30 лица.
Специјалните сили на Боливија за борба со криминалот (FELCC) информираа дека пет од повредените се ранети од огнено оружје. Габриела Монтано, министерката за здравство на Боливија, во врска со настаните во земјата, преку социјалните мрежи објави дека едно лице, кое е рането во пределот на стомакот, се наоѓа во животна опасност.
Во градот Кочабамба опозицијата на некои патишта поставила барикади, а повредени се 3 лица во кавгата до која дошло кога транспортерите сакале да ги отстранат барикадите.
Во исто време и во градот Ла Пас, каде што на протестите учествуваат голем број симпатизери и од двете страни, во судири со камења и стапови повредени се 6 лица.
Во меѓувреме, во Ла Пас пристигнаа рудари од различни подрачја во знак на поддршка на претседателот Моралес. На видеоснимките што се појавија на социјалните мрежи може да се забележи како дел од рударите фрлаат звучни бомби во текот на нивното напредување.
- ОАД ќе ги анализира резултатите
Од друга страна, Хектор Арсе, министерот за правда на Боливија, информираше дека предложол да се изврши анализа на изборните резултати на победата на Моралес, што ОАД го прифатила и се очекува во најкус период да започне со работа.
Истакнувајќи дека ревизијата е доказ за транспарентноста на државата, Арсе рече дека целиот процес ќе се одвива во согласност со Уставот на Боливија.
На претседателските избори одржаа во Боливија пред две недели, во првиот круг победи претседателот Моралес со освоени 47,8 % гласови, додека претставникот на опозицијата, поранешниот претседател Меса, освои 36,51 %.
Според законите на Боливија, еден кандидат за да биде избран за претседател во првиот круг од гласањето потребно е да освои 50 % од гласовите или 40 % од гласовите, при што да има најмалку 10% повеќе гласови од второпласираниот кандидат. Доколку овие услови не се исполнети, тогаш во вториот круг на гласање за претседател влегуваат двајцата кандидати со најголем број освоени гласови.