AP
19 Февруари 2018•Ажурирај: 20 Февруари 2018
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Најмалку 17 лица загинаа во уривањето на големи количества смет на депонија во Мапуто, главниот град на Мозамбик, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми пренесуваат дека уривањето на дел од сметот било предизвикано од обилните врнежи на дожд. Радио Мозамбик јави дека бројни спасувачки екипи се наоѓаат на терен, истакнувајќи дека се стравува оти под отпадот се наоѓаат затрупани и други тела.
Во веста се наведува дека се затрупани и пет куќи, а некои семејства ги напуштиле своите домови поради страв од настанување на нови свлечишта.