İsmet Karakaş
25 Март 2019•Ажурирај: 26 Март 2019
МАПУТО (АА) - Претставниците на турските хуманитарни организации, со координација на Кабинетот за управување со вонредни ситуации на Република Турција (AFAD), пристигнаа во Мозамбик, земја која е погодена од поплави и циклон, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставниците на AFAD, Црвената полумесечина на Турција и Здружението за потрага и спасување (AKUT) во Мапуто ги дочека амбасадорката на Турција во Мозамбик, Зејнеп Кизилтан, и локалните официјални претставници.

Кизилтан изјави дека циклонот „Идаи“ нанел штета во три африкански земји, а дека Мозамбик претрпел најголема штета.
Според нејзините зборови од ден во ден расте бројот на загинати, а последните податоци покажуваат дека се спасени 3.500 лица. Сепак, 446 лица загинале.
Кизилтан појасни дека околу 600.000 лица биле принудени да ги напуштат своите домови и дека на населението му е потреба итна хуманитарна помош.

„Во земјата и понатаму има луѓе кои чекаат да бидат спасени“, изјави Кизилтан која појасни дека претставниците на турските хуманитарни организации ќе се вклучат во акциите за спасување.
Таа истакна дека Турција е земја која брзо пружа рака за помош на оние на кои им е потребна и дека во првата етапа Турската агенција за соработка и координација (TIKA) подготвила пакети со помош за 600 лица.
Претставниците на хуманитарните организации по подготовките во Мапуто се упатија во градот Беира кој е најмногу погоден од катастрофата.