свет

Меѓународен семинар за медиуми на тема „Мир на Блискиот Исток“

Поранешната репортерка на весникот „Њујорк тајмс“ во Газа, Мајд ел Вахеиди, истакна дека не е можно да се зборува за политички права и слободи во Газа

Ahmet Furkan Mercan, Mehmet Alaca  | 12.09.2019 - Обновена : 13.09.2019
Меѓународен семинар за медиуми на тема „Мир на Блискиот Исток“

АНКАРА (АА) - Поранешната репортерка на весникот „Нујорк тајмс“ (New York Times) во Газа, Мајд ел Вахеиди, истакнувајќи дека е тешко и ризично да се работи како новинар во Газа, изјави: „Новинарите работат речиси во болница под отворено небо, но на таа болница ѝ треба интензивна нега“, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соработка помеѓу Министерството за надворешни работи на Турција и Одделот за глобална комуникација при Обединетите нации (ОН), во турскиот град Анкара се одржува Меѓународниот семинар на тема „ОН 2019 - Мир на Блискиот Исток“.

На втората сесија на овој семинар насловена „Состојбата во Газа: Предизвиците во производството на вести“, беа разгледани темите како проблемите, предизвиците и опасностите со кои се соочуваат новинарите во врска со вестите во Газа.

Д-р Иан Блек од Лондонската школа за економија (London School of Economics LSE) говореше за тешкотиите за создавање вест на непристрасен начин во врска со палестинското прашање, како и за безбедноста на новинарите.

Блек рече дека кога ќе се земат предвид проблемите меѓу Израел и Палестина, како и политичката димензија на ова прашање, медиумите се принудени да бидат пристрасни, и укажа на тешкотиите со кои се соочуваат медиумите во оваа насока.

„Исклучително е тешко да бидете новинар во едно место кое е под блокада, како Газа“, додаде Блек.

Потсетувајќи дека првата палестинска интифада во 1987 година започнала во Појасот Газа, Блек нагласи дека во тој период новинарите немале тешкотии во пристапот до Газа, но дека по 2006 година тоа станувало сѐ потешко.

Блек истакна дека секој е погоден од хуманитарната криза како и од тензиите во Газа, и дека секој е погоден од општите проблеми, вклучувајќи ги и палестинските новинари во регионот, како и лицата вработени во странските медиуми.

Амира Хас, колумнистка во весникот „Харец“ (Haaretz), нагласи дека израелските медиуми дејствуваат во насока на зборовите на израелските политичари.

Според неа, светот на терминологија на медиумите е ограничен. „Зборувам како израелски новинар; израелските новинари целосно се поврзани со концептот на зборовите и светот на мислењето на израелските медиуми и политичари“, додаде таа.

Хас нагласи дека се создава потреба од користење различни терминологии во врска со вестите од регионот.

Таа рече дека проблемот на израелските медиуми со несоздавањето вест за вистината е многу голем.

„Ние како израелски новинари сме безбедни. Доаѓам тука, ја критикувам мојата земја Израел, и кога се враќам во мојата земја не ме казнуваат поради моите критики. Израелските новинари кои остануваат неми, имаат многу голема одговорност“, нагласи Хас, потсетувајќи дека во Газа живеела три години.

Нагласувајќи дека Израел ги контролира медиумите, Хас рече дека покрај тоа, оваа земја се обидува разузнавачките информации кои се однесуваат на народот во регионот да ги собира во една структура.

„Израел собира медиумски информации од многу различни органи. Има координативни комитети. Исто така, се собираат информации директно и од палестински функционери. Ги контролираат матичните книги. Кој се разболел, кој каде се преселил, на кого му починал татко, на кое семејство му починало дете. Исто така, постојат соработници и дипломати кои им даваат информации. Страните кои се окупирани се многу дарежливи во насока на давање информации, бидејќи се под окупација. Но многу е тешко да се добијат информации од Хамас и Палестинската ослободителна организација“, додаде Хас.

- Паметна и нова дипломатија

Поранешната репортерка на весникот „Њујорк тајмс“ во Газа, Мајд ел Вахеиди, истакна дека не е можно да се зборува за политички права и слободи во Газа.

Укажувајќи на ризиците и тешкотиите во условите за создавање вест во регионот, Вахеиди рече дека новинарите не се одговорни за носењето мир или создавањето политики во оваа насока, и дека производителите на вести во Газа која е под блокада имаат потреба од таканаречена интензивна нега.

Вахеиди нагласи дека израелските и палестинските медиумски претставници треба да најдат решение за тоа како може да работат заедно во насока на создавање вест за во регионот.

„Треба да се најде еден метод и начин како новинарите да работат заедно. Овие новинари работат речиси во болница под отворено небо, но оваа болница има потреба од интензивна нега. Јас како палестински новинар сметам дека мораме да најдеме попаметни и нови дипломатски начини со Израелците, со цел решавање на проблемите. Треба да ги заштитиме новинарите“, додаде таа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.