Burak Bir
14 Април 2024•Ажурирај: 15 Април 2024
ЛОНДОН (АА) - Шефот за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Жосеп Борел, денес соопшти дека свикал видеоконференција на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ по одмаздничките напади на Иран врз Израел, пренесува Анадолу.
„По иранските напади врз Израел, свикав вонреден (видеоконференциски состанок) на министрите за надворешни работи на ЕУ за вторник“, објави Борел на Х.
„Нашата цел е да придонесеме за деескалација и безбедноста на регионот“, додаде тој.
Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) доцна синоќа лансираше низа беспилотни летала и ракети кон Израел како одговор на нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април.
Нападот, во кој загинаа седум ирански воени претставници, меѓу кои висок командант на ИРГЦ, наиде на остри реакции од иранските владини претставници, кои ветија „решителен одговор“.
Според одредени непотврдени извештаи, ИРГЦ истрелала повеќе од 300 беспилотни летала и ракети во нападот што траеше неколку часа, од кои поголемиот дел беа пресретнати од израелските системи за противвоздушна одбрана.