свет

Иран: Немаме намера да ја продолжиме операцијата, но нема да се двоумиме да одговориме на нов напад

„Користењето на своето право на легитимна одбрана го покажува одговорниот пристап на Иран кон регионалниот и меѓународниот мир и безбедност“

Ahmet Dursun  | 14.04.2024 - Обновена : 15.04.2024
Иран: Немаме намера да ја продолжиме операцијата, но нема да се двоумиме да одговориме на нов напад

АНКАРА (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи Хусеин Емир Абдулахијан порача дека Иран нема намера да продолжи со нападите врз Израел, но нема да се двоуми да одговори на евентуален нов напад, пренесува Анадолу.

„Користењето на своето право на легитимна одбрана го покажува одговорниот пристап на Иран кон регионалниот и меѓународниот мир и безбедност“, напиша Абдулахијан на платформата за социјални мрежи Х.

Тој истакна дека директните напади врз Израел се завршени.

„Иран во овој момент нема намера да продолжи со одбранбените операции, но нема да се двоуми да ги заштити своите легитимни интереси од нов напад доколку биде потребно“, рече Абдулахијан.

Иран доцна синоќа лансираше низа беспилотни летала и ракети кон Израел како одговор на нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април.

Нападот, во кој загинаа седум ирански воени претставници, меѓу кои висок командант на Корпусот на Иранската револуционерна гарда, наиде на остри реакции од иранските владини претставници, кои ветија „решителен одговор“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.