Adam Abu-bashal
06 Јули 2022•Ажурирај: 07 Јули 2022
АБУЏА (АА) - Во Мали, во регионот Кидал, двајца војници го загубија животот како последица на експлозија на мина поставена на патот по кој се движел логистичкиот конвој на мировниците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оливие Салгадо, портпарол на Повеќедимензионалната мисија за интегрирана стабилизација на Обединетите нации во Мали (MINUSMA), на својот профил на Твитер истакна дека логистичкиот конвој МИНУСМА нагазил на мина на Автопатот Тесалит-Гао во регионот Кидал.
Салгадо истакна дека во инцидентот животот го загубиле двајца војници, а петмина се тешко повредени.
МИНУСМА е стационирана во северните и внатрешните делови на Мали и има повеќе од 15.000 војници и полицајци од 61 земја.
МИНУСМА е формирана на 25 април 2013 година, по безбедносната криза што избувна во Мали, со одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН). Исто така, со одлука на СБОН, нејзиниот мандат се обновува секоја година.
МИНУСМА до денеска изгуби 175 војници. Позната е како мировна сила со најмногу жртви во светот.
Мали се смета за најопасна земја за мировните мисии на ОН.