Dildar Baykan Atalay
06 Јули 2022•Ажурирај: 07 Јули 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, изјави дека веќе неколку месеци се разговара за продажба на борбени авиони Ф-16 на Туркије и дека американскиот претседател Џо Бајден го поддржува ова барање на Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).
Жан-Пјер на прес-конференција ги коментира критиките на некои демократи за позитивните изјави на Бајден за продажбата на Ф-16 по неговата неодамнешна средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Мадрид, главниот град на Шпанија.
Таа истакна дека разговорите за Ф-16 биле на дневен ред веќе некое време.
„Многу сме јасни во врска со Ф-16. Разговараме за тоа неколку месеци. Бајден навистина го поддржува ова барање“, рече Жан-Пјер.
Американскиот претседател Џо Бајден на 30 јуни на прес-конференцијата на крајот на Самитот на НАТО во Мадрид изјави дека САД треба да ѝ продадат на Туркије воени авиони Ф-16, додавајќи дека за тоа може да добијат одобрение од Конгресот.
На прашањето дали на претседателот на Туркије му ветил продажба на авиони Ф-16, Бајден рече треба да ѝ продадат летала на Анкара.
„Она што му го кажав [на претседателот Ердоган, заб. на авт.] е истото што му го кажав и во декември. Треба да ѝ продадеме [на Туркије, заб. на авт.] авиони Ф-16 и истовремено да ги модернизираме. Не е во наш интерес да не го направиме тоа. Им реков дека не сум го сменил ставот од декември. Реков дека едноставно треба да ги продадеме. Она што ми е потребно за да можам тоа да го направам е одобрение од Конгресот. Мислам дека ќе го добиеме ова одобрение“, рече тогаш американскиот претседател.
Денес, група членови во Претставничкиот дом на САД ја критикуваа оваа поддршка во писмото што го испратија до претседателот Бајден.