Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
политика

Радикалите се плашат од посетата на Бајден на Белград

„Не може да се очекува друго, туку тој дополнително да ја притисне Србија, српското раководство конечно да прифати и да се помири со фактот Косово да стане членка на ОН, со согласност, односно непротивење на Србија”
Kristina Maslareviç
11 Август 2016•Ажурирај: 12 Август 2016
Радикалите се плашат од посетата на Бајден на Белград
Belgrad

БЕЛГРАД (АА) - Српската радикална партија (СРС) стравува за иднината на Србија, бидејќи, како што велат од таму, „сѐ поголем е притисокот врз актуелната Влада на Србија да ја признае независноста на Косово, да се дистанцира од Република Српска и да пристапи кон измени на Уставот“, беше речено на прес-конференцијата на политичките партии во српскиот Парламент, пренесува Anadolu Agency (АА).

„Овој страв е засилен и зголемен уште со најавувањето на посетата на потпретседателот на САД, Џозеф Бајден. Ние знаеме и имаме искуство дека Бајден, кога и да ја посети Србија, таа е условувана да се откаже од дел од својата територија, а и Српската православна црква не е во помала опасност“, изјави заменик-претседателот на СРС, Милорад Мирчиќ.

Како што рече тој, посетата на Бајден ќе биде првенствено на Косово, кое веќе во знак на благодарност именуваше една улица според починатиот син на Бајден, и со тоа потврди – ова е уште еден доказ дека потпретседателот на САД е докажан и признат непријател на српскиот народ“.

Не може да се очекува друго, туку тој дополнитело да ја притисне Србија, српското раководство конечно да прифати и да се помири со фактот Косово да стане членка на ОН, со согласност, односно непротивење на Србија, изјави Мирчиќ.

Тој додаде дека на СРС малку надеж ѝ дал ставот на актуелната власт кога станува збор за „политиката што се води кон Хрватска, кога станува збор за политиката што се води во Босна и Херцеговина кон Република Српска, и дека се надеваат и посакуваат актуелната Влада да ги издржи овие притисоци што ќе следуваат за неколку дена при посетата на потпретседателот на САД“.

„СРС, како опозициска партија, секако ќе даде значајна поддршка на актуелната Влада, само да издржи и да не попушти под сѐ поголемите притисоци“, рече Мирчиќ.

Посетата на Србија на заменик-претседателот на Владата на САД, Џозеф Бајден, е закажана за вторник, 16 август. Според претходните најави, Бајден ќе има одделни средби со српскиот претседател Томислав Николиќ и со премиерот Александар Вучиќ.

related_topics:
Српска радикална партијаМилорад МирчиќБајден
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Собранието со посебна седница за состојбата во поплавените подрачја

Собранието со посебна седница за состојбата во поплавените подрачја

Следно

Македонија презема мерки против ФЕТО

Македонија презема мерки против ФЕТО

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ЕУ рече дека не го „надгледува“ влијанието на Турција во соседството по изјавите на Фон дер Лајен

Продолжува вежбата „БЛЕСОК 26“, реализирани активности за извршување тактички задачи

Катар поддржува продолжување на примирјето меѓу САД и Иран доколку не се постигне договор во преговорите во Исламабад

Повеќе од 1.000 уметници повикаа на бојкот на Евровизија поради учеството на Израел

Трамп тврди дека Иран „голем број пати“ го прекршил прекинот на огнот со САД

„Досега во Пакистан не отпатувала ниедна иранска делегација за втората рунда преговори со САД“

Ирска рече дека Израел „ги крши човековите права“, побара од ЕУ прекинување на договорот

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Персоналот на администрацијата на Бајден излезе пред Белата куќа, бара прекин на огнот во Газа

Персоналот на администрацијата на Бајден излезе пред Белата куќа, бара прекин на огнот во Газа

Средба Ердоган - Бајден во Рим: Договорено формирање заеднички механизам за зајакнување на билатералните односи

Средба Ердоган - Бајден во Рим: Договорено формирање заеднички механизам за зајакнување на билатералните односи

Бајден: „Кризата на белоруско-полската граница е загрижувачка“

Бајден: „Кризата на белоруско-полската граница е загрижувачка“

Бајден ја одложи посетата на Јордан по бомбардирањето на болницата во Газа

Бајден ја одложи посетата на Јордан по бомбардирањето на болницата во Газа

Бајден: „САД ќе ѝ испратат на Украина напредни ракетни системи“

Бајден: „САД ќе ѝ испратат на Украина напредни ракетни системи“

Белата куќа за настапот на Бајден во дебатата: Ја разбираме загриженоста

Белата куќа за настапот на Бајден во дебатата: Ја разбираме загриженоста

Американскиот сенатор Сандерс: Доста се даваат пари за воената машинерија на Нетанјаху

Американскиот сенатор Сандерс: Доста се даваат пари за воената машинерија на Нетанјаху

Бајден упати предупредување до рускиот претседател при својата прва посета во странство

Бајден упати предупредување до рускиот претседател при својата прва посета во странство

Бајден истакна дека со кинескиот претседател Си ќе разговара за царините

Бајден истакна дека со кинескиот претседател Си ќе разговара за царините

Американскиот претседател Бајден по грешка велејќи Путин на сцената го повика украинскиот претседател Зеленски

Американскиот претседател Бајден по грешка велејќи Путин на сцената го повика украинскиот претседател Зеленски