Alaattin Doğru
26 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
ДАКАР (АА) - Најмалку 26 лица загинаа во експлозија до која дојде при активирање мина на пат во близина на градот Бони во Мали, јавува Anadolu Agency (AA).
До експлозијата дошло во моментот кога по тој дел од патот минувало возило со цивили.
Локалните медиуми наведуваат дека во возилото се наоѓале трговци од Буркина Фасо и Мали, кои тргнале на саем, што секоја недела се одржува во Бони.
Мината била поставена на делот од патот по кој минало возилото. Меѓу загинатите се наоѓаат и 4 деца со своите мајки. Експлозијата усмрти и 7 членови од едно семејство.
Судирите во Мали започнаа откако вооружените групи „Туарег“, на северот од земјата, во јануари 2013 година се дигнаа на востание, по што воените официри на 21 март 2012 година го соборија од власт дотогашниот претседател на Мали, Амаду Тумани Туре.