AP
26 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
ПАРИЗ - Властите во Париз затворија неколку патишта, тунели, паркови и долниот кат на музејот Лувр поради зголеменото ниво на водата на реката Сена, јавува Anadolu Agency (AA).
Екстремно обилните дождови доведоа до евакуација во другите области долж течението на Сена, откако таа и другите француски реки ги пробија насипите.
Сена достигна ниво на водата од 5,53 метри во четвртокот навечер на мостот Аустерлиц во источен Париз.
Се очекува дека за време на викендот нивото на водата ќе продолжи да расте и ќе го достигне врвот од над шест метри.
Метеоролошките власти објавија дека врнежите во Париз се двојно повисоки од вообичаеното.
Долниот кат на Лувр ќе биде затворен за јавноста до недела, но во музејот не планираат да ги преместуваат уметничките дела, што мораше да го направат за време на поплавите во 2016 година.