Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
22 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
АНКАРА
Државниот секретар за полиција на Мадагаскар, Серж Геле, преживеа пад на хеликоптер, а потоа со уште еден преживеан пливал 12 часа до копното, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мадагарската полиција соопшти дека хеликоптерот во кој патувал и 57-годишниот министер Геле, се срушил вчера на североисточниот брег на тој остров.
Министерството за одбрана на Мадагаскар објави и снимка од Геле откако испливал на брегот. На снимката се гледа како униформираниот министер исцрпен лежи на лежалка.
„Сѐ уште не дошло времето да умрам“, изјави Геле во краток коментар.