Övünç Kutlu
21 Јануари 2021•Ажурирај: 22 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Тројца американски војници загинаа во пад на хеликоптер во американската сојузна држава Њујорк, соопштено е од Одделот за воени и поморски прашања, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Војниците, припадници на Втората ескадрила на Националната гарда при Армијата во Њујорк, се наоѓале во хеликоптерот за медицинска евакуација кога се срушил во близина на градот Мендон, јужно од Рочестер.
Џозеф Дан од Бафало, Хејли Сифелт од Медина и Џозеф Клемент од Аубурн и помагале на њујоршката полиција во обезбедувањето на Капитол за време на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден.
Причината за несреќата се истражува.
Шерифот на округот Монро, Тод Бејкер, преку Твитер соопшти дека хеликоптерот паднал во поле на земјоделец и дека во близина немало куќи.
Гувернерот на Њујорк, Ендрју М. Куомо, изјави дека е ужаснат од оваа вест.
„Припадниците на Националната гарда се наши граѓани, војници кои доброволно служат и штитат овде и во странство“, рече тој и нареди знамињата пред сите државни установи денес да се спуштат на половина копје во чест на војниците.