Davut Çolak
01 Септември 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
КОПЕНХАГЕН
Во норвешкиот град Алта се случи хеликоптерска несреќа во која животот го загубија 6 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави норвешката полиција, на подрачјето на градот Алта, во северниот дел на земјата, синоќа се урнал хеликоптер. Во несреќата загинале 6 лица, од кои едно е пилотот.
Во соопштението се наведува дека хеликоптерот се запалил по падот и ќе биде потребен извесен период за идентификација на починатите. Во продолжение се вели дека во несреќата загинале 5 патници на 20-годишна возраст и пилотот.
- Компанијата „Хелитранс“ (Helitrans) ги одложи летовите
Норвешките медиуми објавија дека во хеликоптерот се наоѓале „млади кои биле на хеликоптерска прошетка во подрачјето на кое се одржувал музичкиот фестивал Хетспрел.
Во меѓувреме, компанијата „Хелитранс“ (Helitrans), во чија сопственост е хеликоптерот, објави дека се одложени летовите на сите хеликоптери, вклучувајќи ги и летовите на хеликоптерите од типот „Airbus AS-350B“, каков што се урна во несреќата.
Додека норвешката полиција продолжува со истрагата во врска со несреќата, „Ербас“ (Airbus) соопшти дека нејзини претставници ќе пристигнат на местото на несреќата за да спроведат истражување во изгорениот хеликоптер.