Gamze Türkoğlu Oğuz,Gökhan Zobar,Marietka Petrovska
31 Октомври 2018•Ажурирај: 01 Ноември 2018
КАБУЛ (АА) - Најмалку 25 лица загинаа во хеликоптерската несреќа која рано утринава се случи во западната авганистанска покраина Херат, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Гувернерството на Фарах, Насер Мехди, во изјава за АА соопшти дека се урнал воениот хеликоптер кој превезувал авганистански високи претставници од Фарах во Херат.
Тој изјави дека хеликоптерот паднал кратко по полетувањето во ридските предели на регионот Aнар Дара.
Мехри нагласи дека во несреќата загинале 25 високи претставници, меѓу кои и претседателот на Градскиот совет на Фарах, Фарид Бахтавар, заменик-командирот на 207. Команда на корпусот „Зафар“, Нематулах Халил, како и еден претставник на Градскиот совет.
Тој информираше дека поради лошите временски услови хеликоптерот удрил во планина со висока надморска височина.
Во соопштението на Талибанците се тврди дека хеликоптерот е срушен од нивна страна, и дека животот го загубиле 25 лица што се наоѓале во хеликоптерот.