Sayed Khodaberdi Sadat
31 Октомври 2018•Ажурирај: 31 Октомври 2018
КАБУЛ (АА) - Во самоубиствен напад што се случи во авганистанскиот главен град, Кабул, животот го загубија 7 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, за АА изјави дека самоубиецот се доближил до возилото што ги пренесувало вработените од кабулскиот затвор „Пул-и Чархи“ и го активирал експлозивот што го носел на себе.
Според зборовите на портпаролот, во нападот животот го загубиле 7 лица, а 8 се ранети.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.