Esat Fırat
22 Декември 2021•Ажурирај: 22 Декември 2021
КУДС (АА) - Израелските сили приведоа 18 Палестинци на окупираниот Западен Брег и Источен Кудс (Ерусалим), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведуваат палестинските медиуми, израелските сили во текот на изминатата ноќ извршиле рации во различни делови на Западниот Брег и Источен Кудс.
Во рациите на Западниот Брег приведени се 15 лица, а во градот Хизма во Источен Кудс, тројца Палестинци.
Според локалните извори, израелските војници упаднале во градот Хизма во раните утрински часови и сѐ уште ги контролираат влезовите и излезите од градот.
Израелските сили, кои често вршат рации во куќите на окупираниот Западен Брег и Источен Кудс, ги апсат Палестинците по различни основи.
Некои од Палестинците, вклучително жени и деца, се држат во центрите за притвор со денови по притворањата кои станаа вообичаена практика на Западниот Брег и Источен Кудс.