Zehra Ulucak
25 Декември 2018•Ажурирај: 25 Декември 2018
МЕКСИКО (АА) - Во хеликоптерска несреќа загинаа сегашната гувернерка и поранешниот гувернер на мексиканската држава Пуебло, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за јавна безбедност, Алфонсо Дуразо, соопшти дека хеликоптерот паднал по 10 минути откако полетал од Пуебло и дека во несреќата загинале гувернерката Марта Ерика Алонсо и нејзиниот сопруг, поранешниот гувернер на Пуебло, сенаторот Рафаел Морено Вале.
Дуразо соопшти дека во несреќата загинале уште три лица, од кои двајца пилоти и патник.
Портпаролот на Кабинетот на гувернерката, Максимилиано Кортазар, потсети дека гувернерката положила заклетва пред 10 дена и со тоа официјално стапила на должност, и додаде дека бараат транспарентна, независна и непристрасна истрага.
Започнувањето на истрагата го најави и претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор.
Освен Обрадор, сочувство изразија и голем број други мексикански официјални претставници, меѓу кои и поранешниот претседател на државата, Енрике Пена Нијето.