Ekipa
12 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Во налетот на циклонот „Eнаво“, кој на Maдагаскар донесе обилни врнежи и силни ветришта, загинаа најмалку 50 лица, а 20 се водат за исчезнати, соопшти владата на оваа островска држава, пренесува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за справување со катастрофи соопшти дека циклонот минатата недела предизвикал лизгање на земјиштето во североисточниот дел на Мадагаскар, при што 110.000 луѓе ги напуштија своите домови, а 183 лица беа повредени.
Циклонот „Eнаво“ донесе дожд и силен ветер кој достигна брзина од 225 километри на час, што е еднаков на ураган од четврта категорија.
Властите сè уште не дадоа проценка за материјалната штета поради телекомуникацискиот прекин и неможноста да се контактираат руралните заедници.
Циклонот ѝ наштети на економијата на Мадагаскар, каде што во североисточниот регион на Сава се произведува половина од вкупното светско производство на ванила, а производителите предвидуваат многу лоша жетва.