Aldıjana Hadzıc
03 Септември 2017•Ажурирај: 03 Септември 2017
АНТАНАНАРИВО (АА) - Иако многу туристи поради природните богатства, климата, културното наследство и богатата флора и фауна, Мадагаскар го сметаат за „рај на земјата“, локалното население е свесно за тешкиот живот во таа земја, пишува Anadolu Agency (AA).
Во главниот град Антананариво се наоѓаат оризови полиња, на кои за не толку големи надници работат жителите од околината. Околу 60 отсто од населението на Мадагаскар го сочинуваат лица на возраст до 25 години, а децата честопати се принудени да се откажат од играчките и од училиштето за да помогнат во обезбедувањето на средства за живот.

Мадагаскар кон крајот на 19 век го зазедоа Французите и го прогласија за свој протекторат, а француското влијание се чувствува и денес, иако земјата својата независност ја стекна во 1960 година.

Во прехранувањето на семејството учествуваат и жените, поради што, додека родителите работат, постарите браќа и сестри се грижат за најмладите членови.