Gülbahar Sayım
20 Октомври 2017•Ажурирај: 21 Октомври 2017
АНТАНАНАРИВО (АА) - Како последица од чумата, 95 лица починаа на Мадагаскар, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за здравство, Мами Лалатијана Андриаманариво, рече дека епидемијата сѐ уште е актуелна и најмногу влијае на главниот град Антананариво.
Тој потврди дека од август починаа 95 лица, а бројот на заболените се зголеми на 900. Андриаманариво, ги повика граѓаните да се јават на преглед во здравствените установи. Тој, исто така, упати и апел тие да останат во своите домови и да не се движат без потреба, бидејќи ако не ги почитуваат овие правила, постои можност за ширење на чумата.
Генералниот секретар на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Елхаџ Ас Су, пристигна во земјата за одблизу да ја следи ситуацијата во врска со епидемијата.
Министерството за образование по третпат го одложи почетокот на учебната година, која според најновото известување, треба да започне на 23. октомври. Симптомите на чумата вообичаено се висока температура, замор и кашлица.