Onur Usta
02 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
АНТАНАНАРИВО (АА) - Во сообраќајната несреќа која се случи во близина на Антананариво, главниот град на Мадагаскар, животот го загубија 30 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на претседателството на Мадагаскар се вели дека северно од главниот град, во близина на градот Анказобе, се превртел автобус и паднал во провалија, при што животот го загубиле 30 лица, а 80 се повредени.
Станува збор за автобус со голем капацитет. Во продолжение на соопштението се наведува дека автобусот кој патувал кон Махаџанга паднал во провалија длабока околу 30 метри. Голем број од патниците загинале од пожарот кој го зафатил автобусот.
Претседателот на Мадагаскар, Хери Раџаонаримампианина, ги посети повредените во болница.
Последните месеци во оваа земја често се случуваат трагични сообраќајни несреќи. Последната се случи во близина на градот Анџозоробе, во која животот го загубија 47 лица.