Gamze Türkoğlu Oğuz
02 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Министерот за надворешни работи на САД, Рекс Тилерсон, порача дека Вашингтон не трага по промената на режимот во Северна Кореја, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Не бараме промена на режимот, пад на режимот, брзо обединување на полуостровот, ниту изговор да ја пратиме својата војска северно од 38 паралела”, изјави Тилерсон, јавува Би-би-си.
Тилерсон ѝ порача на Северна Кореја дека САД не е непријател.
„Не сме ви непријател, не сме ви закана, но вие претставувате неприфатлива закана, и ние мораме да одговориме”, порача Тилерсон.
Освен тоа, Тилерсон изјави дека Кина има посебна и единствена врска, која поради своите влијателни економски активности, да влијае врз Северна Кореја на начин на кој никој друг тоа не го може.