Burak Karacaoğlu
02 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
ИДЛИБ (АА) - Бесплатана здравствена услуга на цивилите, жртви од војната им се дава во здравствениот центар во градот Серакиб, сместен во подрачјето на Идлиб, на северот од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Махмут Иса, директор на овој здрвствен центар, во разговорот со новинарот на АА изјави: „Веќе една година им даваме бесплатни здравствени услуги на цивилите во медицинскиот центар кој го отворивме минатата година”.
„Само минатиот месец прегледавме 7.500 лица. Од нив околу 3.000 беа лица кои се пријавија поради психолошки проблеми”, изјави д-р Иса, кој додаде дека медицинскиот центар има оддел за кардиологија, внатрешни болести, педијатрија, гинекологија.
Доктор Иса истакна дека нападите на Асад во најголем број случаи за цел ги имаат цивилите, и затоа луѓето имаат потреба од психолошка поддршка.
Д-р Иса рече: „Особено погодени од нападите се женската и детската популација. Можни се трајни последици кај дел од нив”.
- „Вакцинирани 1.000 деца” -
Доктор Иса рече дека спроведуваат кампањи за вакцинирање на децата, при што децата се вакцинирани од тетанус, хепатит, мали сипаници и заушки.
Тој информираше дека во медицинскиот центар работат 6 доктори и 35 членови на персоналот.
Во медицинскиот центар новинарот на АА зборуваше и со Хасан Јусуф кој го донел своето дете на лекување. „Детето ми беше болно. Без да ми наплатат го излечија. Здравствената услуга тука е многу добра. Ќе ве прегледаат без да чекате многу”, изјави Јусуф.