Sayed Khodaberdi Sadat
02 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
КАБУЛ (АА) - На подрачјето на Кандахар, на југот од Авганистан, извшен е напад врз конвој на НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјални претставници на безбедносните сили наведоа дека бомбаш-самоубиец извршил напад со автомобил-бомба врз конвој на НАТО во поддрачјето на Сурандама, во Кандахар.
Силите на НАТО во Авганистан информираа дека во нападот се уништени две возила од конвојот, и дека во експлозијата има загинати војници на НАТО. Засега е непознат бројот и идентитетот на загинатите војници на НАТО.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанските милитанти.