Emre Aytekin
02 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп се подготвува на суд да ги даде универзитетите за кои се тврди дека спроведуваат позитивна дискриминација против белите студенти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во веста која ја објави „New York Times“ (Њујорк тајмс) се вели дека раководството на Трамп планира на суд да ги даде универзитетите во САД кои спроведуваат позитивна дискриминација, со цел во образовната програма на американските универзитети да се приклучат поголем број студенти од малцинствата во земјата.
Според информациите до кои дојдоа медиумите во САД, владата сака предметот „свесна дискриминација врз основа на расна разлика на универзитетите и факултетите” против образовните институции подготвен од страна на министерството за правда, пред започнувањето и спроведувњето на истрагата да го распредели на Одделот за граѓански права.
Весникот коментира дека документот упатен до соодветното одделение на Министерството за правда претставува нов вид на конзервативен тренд кој се спроведува од страна на Трамп и министерот за правда Џеф Сешнс.
Спроведувањето на позитивната дискриминација има за цел студентите кои доаѓаат од афроамериканските и латиноамериканските обесправени групи, во одредени граници да ги охрабрат да се школуваат на високообразовните институции.