Adem Şalvarcıoğlu
02 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
ЏАКАРТА (АА) - Повторно е активен вулканот Синабунг, сместен во подрачјето на Северна Суматра во Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Националанта агенција за катастрофи соопшти дека денеска се случиле 17 ерупции на вулканот Синабунг.
Како разултат од ерупциите на вулканот, облаците пепел достигнале висина до 4,5 километри.
Од безбедносни причини, евакуирано е населението кое се наоѓа на 7 километри до вулканот.
Големи количества пепел паднале на околните населени места, поради што се преземени големи безбедносни мерки.
Официјалните претставници, предупредувајќи го локалното население, објавија дека постои опасност од излевање лава од вулканот.
По речиси 400 години, вулканот Синабунг повторно стана активен во 2010 година. Минатата година од ерупција на вулканот животот го загубија 17 лица.
Во Индонезија, која се наоѓа во подрачјето на „Пацифичкиот огнен прстен” има 130 активни вулкани.