Erbil Başay
02 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
БЕРЛИН (АА) - Во Берлин, главниот град на Германија живее Јакуп Јилмаз, човекот кој на полицијата ѝ ја предаде пронајдената чанта во која имало 1,11 килограм злато и 3.500 евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Германските телевизиски канали и печатени медиуми кои направија интервју со Јакуп Јилмаз, истакнуваат дека се восхитени од неговиот потег.
Јакуп Јилмаз (57) за АА изјави дека на полицијата ѝ предал чанта во која имало злато и пари во противредност од околу 45.000 евра. Тој изјави дека се чувствува многу среќен по пофалбите кои ги добил од страна на германските медиуми и луѓето од неговата околина.
Јилмас се доселил во Германија во 1992 година и пред 10 години, поради несреќата која ја преживеал, добил извештај дека е неспособен за работа. Тој смета дека предавањето на пронајдените нешта на полицијата е граѓанска должност на секого.
Јакуп Јилмаз рече дека на 27 јули бил во центарот на градот Нојкелн, каде што се одмарал наспроти комплексот банки. Пронаоѓањето на чантата го раскажа вака:
„Минатата недела на 27 јули седев пред комплексот банки да се одморам. Додека седев забележав како маж и жена со нозете допираат една чанта. Си помислив, што прават овие двајца, да не е бомба, што ако експлодира. Сѐ е можно. На луѓето сѐ им паѓа напамет. Жената ја зеде чантата, ја отвори и од неа излезе парче хартија. Откако погледна налево-надесно, уште еднаш се загледа во чантата. Жената извади лична карта, по што си помислов дека е во ред и се знае сопственикот на чантата. Се приближив до нив и им реков да ја земат чантата и да ја предадат во полиција. Претпоставувам дека не ме разбраа. Тогаш со гестикулации се обидов да им кажам да ми ја дадат, јас да ја предадам. Ја земав и ја однесов во полициска станица која беше недалеку од местото на коешто се наоѓав. Додека одев кон полициската станица, видов во чантата, во неа имаше многу документи. Пронајдов едно плико. Пликото беше затворено. Откако го отворив пронајдов пари. Во чантата имаше и тежок предмет завиткан во хартија. Првенствено си помислив дека дека станува збор за ситни пари. Низ мислите ми помина дека најверојатно некој сопствник на фирма дошол да раситни пари. Кога ја отворив хартијата, видов дека станува збор за злато. Влегов во полицијата и ја предадов ташната”.
„Ми честитаат и Турци и Германци”
Јилмаз рече дека полицајците се пошегувале со него кога ги виделе златото и парите во ташната. „Беше направен записник за сѐ одделно. Во ташната имаше 1 килограм и 110 грама злато, 3.500 евра, 8 парчиња стари сребрени парички”.
Јилмаз рече дека е запознаен оти подоцна во полициската станица пристигнал сопственикот на чантата и ги зел златото и парите.
Јилмаз изјави дека тоа го направил без да очекува било што, истакнувајќи дека тоа е граѓанска должност. „Ми честитаат и Турците и Германците кои ќе ме забележат. Некои мои турски пријатели ме прегрнуваат и ми велат 'ти си нашата гордост, ти ги урна предрасудите кои ги имаат за нас', рече Јакуп Јилмаз.