Ahmet Gürhan Kartal
02 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
ЛОНДОН (АА) - Принцот Филип, британскиот војвода од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета II, ќе го има својот последен јавен ангажман утре, пред да го заврши кралското учество во јавните настани, кои ги извршува од 1952 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Принцот Филип, кој е генерален капетан на Кралската морнарица, ќе се состане со војниците на парадата, која ќе го означи крајот на нивниот марш во хуманитарните цели долг 2.768 километри. Ќe биде тоа 22.219-то и последно самостојно учество на 96-годишниот принц на јавни настани.
Филип, намерата да отстапи од јавните настапи ја објави во мај 2017 година.
„Принцот Филип нема да ги прифати новите покани за посета и ангажмани, иако и понатаму може да одлучи од време на време да присуствува на одредени јавни настани”, се наведува во соопштението од Бaкингaмската палата.
Во јуни оваа година, Филип беше на лекување поради инфекција, која настана од неговата претходна состојба. Принцот беше примен во болница трипати во девет месеци, од декември 2011 до август 2012 година, а во 2015 година помина 11 дена во болничка постела поради инфекција на мочниот меур.
Кралицата Елизабета и принцот Филип на 20 ноември оваа година ќе прослават 70 години од својот брак.