Gülşen Topçu
03 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
САНА (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека седум милиони лица во Јемен се соочуваат со глад, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на ОН за координација и хуманитарни работи (OCHA) соопшти дека Јемен се соочува со една од најголемите хуманитарни кризи и дека во таа земја 2,3 милиони деца под пет години се потхранети.
Во извештајот на Канцеларијата на ОН се наведува дека на две од три лица во Јемен потребна им е помош и заштита, и дека на населението му треба засолниште, храна, вода и здравствени услуги.
Исто така, во извештајот се наведени и раскажувања на семејствата кои живеат во бегалски кампови во близина на Хамира, која припаѓа на градот Амран. Истакнато е дека последиците од војната ги чувствуваат невините луѓе, дека повеќе од три милиони лица побегнале од земјата, а во Јемен раселени се околу два милиони лица.
Укажано е и на епидемијата на колера во земјата, и дека голем број на лица, поради неможностите за добивање на здравствени услуги, починале од излечиви болести.