Ekipa
03 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја потпиша одлуката за воведување на построги санкции за Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван официјален претставник на Белата куќа потврди дека првиот човек на САД, Трамп, ја потпишал и со тоа ја потврдил одлуката за заострување на американските санкции ккон Русија, која неодамна ја усвои американскиот Конгрес. Пакетот на санкции кои ги потпиша Трамп вклучува и санкции кон Иран и Северна Кореја.
Пакетот нови санкции на САД кон Русија вклучуваат поостри финансиски санкции, а официјална Москва веќе договори редуцирање на бројот на американски дипломати во Русија.