Emre Gürkan Abay
03 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
МОСКВА (АА) - Премиерот на Русија, Димитриј Медведев смета дека поради озаконувањето на новите санкции на САД против Русија, повеќе не останаа можности за подобрување на односите меѓу двете земји, додавајќи „САД започна целосна трговска војна против Русија”, јавува Anadolu Agency (AA).
Рускиот премиер Медведев преку својот профил на социјалната мрежа Facebook (Фејсбук) даде писмена изјава во која информира дека Доналд Трамп со потпишување го озаконил новиот нацрт-закон за санкции кон Русија, Иран и Северна Кореја, предложен од страна на американскиот Конгрес.
Со озаконувањето на овој нацрт-закон, со воведувањето нови санкции на САД кон Русија, Медведев смета дека повеќе не се остава простор за подобрување на односите меѓу двете земји. „Раководството на Трамп, покажувајќи голема неспособност, целата моќ за раководење му ја предаде на Конгресот”, наведува Медведев во писмената изјава.
Медведев истакна дека САД започнала целосна трговска војна против Русија, додавајќи дека Русија ќе успее да се справи и со новите санкции.
Трамп вчера го потпиша новиот нацрт-закон за санкции кон Русија, Иран и Северна Кореја.