Ahmet Gürhan Kartal
04 Март 2021•Ажурирај: 05 Март 2021
ЛОНДОН (АА) - Сопругот на британската кралица Елизабета, 99-годишниот принц Филип, ќе остане во болница наредните денови по успешната интервенција на срцето, соопшти Бакингемската палата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Принцот Филип пред две недели во рамките на мерките за претпазливост е примен во болница во Лондон, откако не се чувствувал добро.
„Војводата од Единбург вчера е подложен на успешна интервенција на срце во болницата 'Св. Бартоломеј'. Тој ќе остане во болница во наредните денови за да се одмори и заздрави“, се наведува во соопштението на Бакингемската палата.
Принцот во понеделникот е преместен во болницата „Св.Бартоломеј“ од болницата „Крал Едвард VII“.