Ömer Tuğrul Çam
04 Март 2021•Ажурирај: 05 Март 2021
БРИСЕЛ
Европската агенција за лекови (ЕМА) ја започна прелиминарната проценка на вакцината „Спутник ве“, развиена против новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена од Европската агенција за лекови се истакнува дека започнала прелиминарната проценка на вакцината развиена од рускиот Национален центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.
Според студиите, се наведува дека вакцината обезбедува заштита од Ковид-19 со активирање на производство на антитела и имунолошки клетки.
Меѓу другото се истакнува дека Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе продолжи со проценката сѐ додека не бидат обезбедени сите научни докази за официјално одобрување за употреба на вакцината во Европската Унија (ЕУ).
Вакцината „Спутник ве“ содржи два вируси од семејството аденовируси. Вакцинацијата се извршува одделно во две дози.
Во руските медиуми на почетокот на февруари пишуваше дека е поднесена апликација до Европската агенција за лекови (ЕМА) за одобрување, но Агенцијата ги демантира тие информации.