Lina Altawell
17 Август 2026•Ажурирано: 17 Август 2026
Хамас ги поздрави изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го повика Израел да ги прекине нападите врз Појасот Газа, јавува Анадолу.
„Изјавите ја потврдуваат посветеноста на претседателот Трамп на процесот за прекин на огнот“, соопшти портпаролот на Хамас, Хазем Касем.
Тој исто така го повика американскиот претседател „да изврши притисок врз [израелската] окупаторска Влада да се придржува до она што е договорено за да започне втората фаза од мировниот план на Трамп за Газа“.
Изјавата доаѓа во услови на тековни израелски прекршувања на прекинот на огнот – вклучително и воздушни напади, гранатирање и пукање – при што Палестинци и понатаму речиси секојдневно гинат низ енклавата.
Претходно денес, Трамп рече дека Израел „не треба да напаѓа во Газа“, посочувајќи дека Хамас се согласил да го положи оружјето доколку Израел ги исполни своите обврски според мировниот план.
Трамп додаде дека САД имаат одделен канал за комуникација со Хамас, при што изјави: „На крајот, тие [Хамас] го положуваат оружјето“.
Неговите изјави доаѓаат во момент кога Вашингтон ги засилува напорите за спроведување на мировниот план на Трамп за Газа, кој предвидува разоружување на Хамас и повлекување на израелската Армија од палестинската енклава.
Според процените, тековниот геноцид што Израел го спроведува во Газа усмртил повеќе од 73.000 Палестинци и повредил над 174.000, главно жени и деца, а уништени се 90 отсто од инфраструктурата во Газа.