Vesna Besiç
20 Октомври 2017•Ажурирај: 21 Октомври 2017
MУМБАИ (АА) - Жителите на Мумбаи го прославуваат фестивалот Дивали, еден од најважните празници во тој дел од светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за фестивал кој е познат и под името фестивал на светлината, кога луѓето ги осветлуваат своите домови и се молат за спас и просперитет.
За време на фестивалот, кој започна на 19 октомври и трае пет дена, хинду верниците се молат на Ганеш, божeство со глава од слон и на Лакшми, божица на светлината, богатството и среќата.
Кравата во овие кругови се смета за реинкарнација на божицата Лакшми, па за време на фестивалот кравите им се дава посебно овошје и храна за да се придобие нејзината наклонетост.
За Хиндусите, ова е еден од најважните празници во годината, кој го поминуваат во кругот на семејството, со традиционални активности. Дивали е официјален празник во Индија, Непал и во други земји од тој регион.