Fatih Erel
20 Октомври 2017•Ажурирај: 21 Октомври 2017
ЛОЗАНА (АА) - Најголемиот слатководен аквариум во Европа беше отворен во Лозана, Швајцарија, јавува Anadolu Agency (AA).
Аквариумот со од 3.500 квадратни метри содржи 46 помали аквариуми, со количина од два милиона литри вода. Во него се наоѓаат околу 10.000 риби донесени од различни делови на светот.
Тука може да се видат 300 растителни видови во 20 екосистеми. Се очекува дека аквариумот дневно ќе биде посетуван од 1.000 луѓе кои ќе можат да ги видат и видовите пирана кои живеат во Амазон во Јужна Америка. Исто така, во аквариумот има и крокодилска риба што живее во Америка.