Onur Usta
17 Октомври 2017•Ажурирај: 17 Октомври 2017
АНТАНАНАРИВО (АА) - Бројот на загинатите од епидемијата на чума во Мадагаскар се искачи на 69 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на Националната управа за катастрофи (БНГРЦ) се вели дека од август досега, во епидемијата на чума се заразени 600 лица, додека 69 од вкупниот број на заразените починале.
Според податоците објавени на 13 октомври од страна на оваа Управа, регистрирани се 610 сомнителни случаи, од кои со смртен исход завршиле 63.
Министерството за образование на Мадагаскар за три дена го одложи почетокот на учебната година, односно наставата ќе започне на 23 октомври, поради ширењето на епидемијата.
Компанијата за авиотранспорт на Сејшелите ги прекина летовите кон Мадагаскар поради настанатата здравствена криза, а Франција упати апел до нејзините граѓани кои патуваат во оваа земја, да бидат внимателни.
Министерството за здравство во Антананариво оформи медицински центар во којшто бесплатно се лечат заболените од чума, а подели и околу две илјади тестови за брзо дијагностицирање на сомнителните случаи во земјата.
Симптомите на болеста чума најчесто се висока температура, замор и кашлица.