Ekipa
17 Октомври 2017•Ажурирај: 18 Октомври 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Дождовите и пониските температури им помагаат на пожарникарите во Португалија и во Шпанија при гасењето на шумските пожари, во коишто за време на викендот загинаа 40 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Од португалската Управа за цивилна заштита наведуваат дека пожарите во таа земја се ставени под контрола откако загинаа најмалку 36 лица, а десетици се повредени. Во Португалија се трага по уште седум лица, а од денес е прогласена тридневна жалост.
Четири лица загинаа во шумските пожари во северозападниот дел на Шпанија, а регионалните власти во Галиција соопштија дека во тој регион има 27 активни пожари, од кои седум во близина на населени места.
Во тек е истрагата за откривање на причината за избувнувањето на пожарот, а шпанските и португалските власти најмногу се сомневаат дека се предизвикани од пиромани.